19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 07-08.12.2019

Викенд хороскоп 07-08.12.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Посветете им внимание на приоритетните обврски и дозволете си малку одмор. Во љубовниот живот лесно го губите интересот за партнерот. Емотивното затишје ќе ви го промени мислењето.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Немате доверба во соработниците. Ве советуваме да не ги откривате вашите планови. Ве нервира однесувањето на партнерот. Не ви одговараат неговите постојани изговори.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува голем напредок, зголемување на платата или напредување е пред вас. Во љубовта пронајдете начин да го зајакнете односот со партнерот. Оние кои се во подолги врски ги очекува понуда за брак.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Викендов на работа ќе ви биде одличен, одлично ќе се справите со обврските. Во љубовта саканото лице ќе ве изненади со некој предлог. Ќе бидете позитивно изненадени.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Викендов ќе ви биде лефтерен, без многу обврски и задачи. Ќе уживате и ќе се одморате. Во љубовта ситуацијата е на највисоко можно ниво. Нема што повеќе да барате.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можете да очекувате големо подобрување на полето на финансиите, како и прилика да напредувате ако се занимавате со приватна работа. Ситуацијата во вашата врска е повеќе од добра. Страста е насекаде распостелена.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сакате да промените многу во својот живот. Ако градите кариера, можете да очекувате успех во секој вид на дејност. Ве очекува авантура со воден знак и со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Позитивно сте расположени. Обидете се тоа да го пренесете на работа. Нема причина за лажна скромност. Партнерот ќе ве изненади со некои негови потези, позитивно се разбира.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Важно е правилно да се разбирате со соработниците и да ги испочитувате основните правила во деловната соработка. Немојте да бидете ситничари. Дозволете му на партнерот да прави што сака.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашите соработници и пријатели имаат добри намери, па така викендов ве очекуваат позитивни случувања. Во љубовта не се двоумете за личноста која ви упатува емотивни сигнали.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов нема да ви се допаѓа атмосферата на работа, па ќе бидете незадоволни и ќе се жалите за многу нешта. Во љубовта ситуацијата е неповолна, преземете нешто.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Што се однесува на работата, вие сте многу задволни. Викендот е одличен за разговор со партнерот. Доколку нешто ве мачи, сега треба отворено да го кажете тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП