20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ќе го рекламира туризмот во Турција за надомест од 12 милиони...

Реал ќе го рекламира туризмот во Турција за надомест од 12 милиони евра годишно

Маичките со кои тренираат фудбалерите на Реал Мадрид, во иднина ќе имаат реклама на „Туризмот на Турција“, а овој договор за спонзорирање ќе биде вреден 12 милиони евра по сезона.

„Кралскиот клуб“ досега немал посебен спонзор на опремата за тренинзи, па затоа Турците се среќни што го пробија мразот. Досега играчите на Реал и на тренинзите носеа опрема со реклама на главниот спонзор „Флај Емирејтс“, но сега ќе имаат различен спонзор за тренинзи и на натпреварите.

Барселона веќе го применува ова, на дресовите со кои игра го има јапонски „Ракутен“, а тренира со реклама на турски „Беко“. Големите клубови не сакаат да зависат од резултатите и ова е доказ дека бараат приходи на разни начини. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП