ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекува да се зголеми БДП на Албанија

Се очекува да се зголеми БДП на Албанија

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Бруто домашниот производ (БДП) на Албанија оваа година се очекува да се зголеми за 1,8 отсто, според извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

Во документот Светската банка ја истакнува важноста на структурните реформи и намалувањето на долгот на Албанија.

Двете финансиски институции и препорачуваат на новата Влада да се придржува кон фискалните норми и да соработува за зачувување на финансиската стабилност во Албанија.

Се смета дека јавниот долг на Албанија е повисок, отколку во други земји од регионот, како Хрватска, Србија и Македонија.

Според податоци на Министерството за финансии, јавниот долг на Албанија е околу 6,2 милијарди евра и составува 62,4 отсто од БДП на земјата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП