петок, јануари 28, 2022
ПочетнаКОМПАНИИGazprom продаде удел од 3,6 проценти за три милијарди долари, купувачот непознат

Gazprom продаде удел од 3,6 проценти за три милијарди долари, купувачот непознат

Рускиот гасен гигант Gazprom објави дека собрал скоро три милијарди долари со продажбата на 3,6 проценти од акциите на купувач чиј идентитет не е откриен.

Агенциите соопштија дека акциите се продадени преку подружница на Gazprom, со попуст од 11 проценти во однос на цената на затворање на пазарот минатата среда.

Уделот од 3,6 проценти го сочинуваат трезорски акции, кои се продадени по цена од 220,72 рубли по акција, што значи дека компанијата со продажбата остварила приход од 187,7 милијарди рубли (2,95 милијарди долари).

Руската компанија со слична трансакција во јули продала 2,9 проценти сопственички удел, со попуст од пет проценти, за 2,2 милијарди долари.

Иако Gazprom нема никаква обврска да ги открие имињата на клиентите, бидејќи купените единици се помалку од пет проценти, податоците од московската берза покажуваат дека во најновата трансакција акции купил само еден купувач, проценува Reuters.

„Најважниот резултат од двете трансакции е што во новата структура на акционери се појавија нови акционери со вкупен удел од 6,5 проценти“, пишува во белешката на клиентите на Sberbank CIB.

„Не е сигурно дека новите инвеститори се стратешки, иако вкупната инвестиција од 5,1 милијарди долари покажува дека тие се стратешки“, додаваат во Sberbank CIB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП