Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,950.00 -0.46%    GRNT 975.00 0%    KMB 5,849.74 -0.11%    STB 1,057.78 0.62%    TNB 16,700.00 2.45%    

Големите дози на витамин Ц можат да бидат многу опасни за телото

Време: 15:15

Датум: ноември 7, 2019

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Витаминот Ц е еден од најважните витамини кој е неопходен во заштитата од многу болести, но има и свои токсични дејства, ако претерано се внесува во организмот.

Покрај зајакнувањето на имунитетот, овој витамин ја подобрува апсорпцијата на железо и калциум, помага при алергии, го олеснува намалувањето на килограми и е важен за добар вид.

Луѓето чија исхрана е богата со витамин Ц се три пати повеќе заштитени од настанување на артритис во однос на луѓето кои не консумираат доволно од овој витамин.

Од друга страна, земањето на овој витамин во големи дози доведува до разни здравствени проблеми. Токсичноста на витамин Ц е ретка, но сепак е можна, иако се раствора во вода и лесно се исфрла од организмот.

Дневна доза до 500 мг претставуваат занемарлив ризик по здравјето, меѓутоа, дозите над 2 грама на ден може да доведат до гастроинтестинални нарушувања.

Најчестите симптоми кои се јавуваат со прекумерна употреба на витамин Ц се поврзани со мокрење, кога доаѓа до појава на пецкање. Чести симптоми се и дијареа, гасови, гадење, болки во стомакот, несоница, главоболка и осип.

Внесувањето аскорбинска киселина (витамин Ц) во големи дози во комбинација со аспирин во повеќето случаи предизвикува ерозивен гастритис. Кога се зема во големи дози, аскорбинска киселина се акумулира во организмот и се таложи како оксалатни камења во бубрезите, што кај луѓе кои се склони кон проблеми со бубрезите може да ја влоши состојбата.

Посебно внимание би требало да се посвети на витаминот Ц, кој се користи како додаток во исхраната, бидејќи внесувањето на овој витамин преку храната тешко може да се претера.

Најчесто се случува овие големи дози всушност да не се навистина од голема корист, но исто така можат да бидат штетни за вашето здравје.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

Еден одговор за Големите дози на витамин Ц можат да бидат многу опасни за телото

  1. Пингбек: Големите дози на витамин Ц можат да бидат многу опасни за телото - ММС

  • Негувајте ја кожата природно: Ова слатко овошје ќе го препороди вашето лице

    Негувајте ја кожата природно: Ова слатко овошје ќе го препороди вашето лице

    Тифани Либи, дерматолог, вели дека лубениците со векови се користат во азиските култури, поради нивните својства за да се спречат разни воспаленија. Тие го намалуваат…

  • Дознајте зошто не се препорачува перење на долна облека на ниски температури

    Дознајте зошто не се препорачува перење на долна облека на ниски температури

    Иако многумина перат алишта на пониски температури, поради економичност и страв од уништување на чувствителните парчиња на високи температури, експертите велат дека би требало да…

  • Супер храна која прави чуда за организмот: Овие три моќни намирници треба секој ден да се јадат!

    Супер храна која прави чуда за организмот: Овие три моќни намирници треба секој ден да се јадат!

    Откријте кои намирници и пијалоци треба да ги вклучувате во своето мени секој ден. Зелен чај Добро се познати придобивките кои ги носи овој пијалок.…

  • EUCERIN DermatoCLEAN – Нежно го чистат лицето, ја хидрираат кожата и обезбедуваат висок капацитет на хијалуронска киселина

    EUCERIN DermatoCLEAN – Нежно го чистат лицето, ја хидрираат кожата и обезбедуваат висок капацитет на хијалуронска киселина

    Тешко дека може да се најде друг начин што ни дава чувство на свежина и опуштеност, како што е длабокото вдишување на чист воздух.  Колку…

  • Франција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

    Франција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

    Владата на Франција вчера ја поништи уредбата со која им беше дозволено на болниците да користат хидрохлорокин при лечење на пациенти заболени од потешки форми…

  • Зошто појадокот е важен за здраво срце

    Зошто појадокот е важен за здраво срце

    Резултатите од едно американско истражување покажуваат дека лицата кои не појадуваат имаат 27 отсто поголем ризик од срцеви заболувања и дека подеднакво е важно кога и што…

  • Се откажаа од лечење до крајот на мај: “Нема промени во нашата политика за брзо одобрување на лекот”

    Се откажаа од лечење до крајот на мај: “Нема промени во нашата политика за брзо одобрување на лекот”

    Јапонската влада се откажа од одобрувањето на лекот Avigan за лечење на вирусот COVID-19, изјави министерот за здравство, Катсунобу Като. Тестирањето на антивирусниот лек Avigan на Fujifilm…

  • Дали топлото време ќе го запре коронавирусот?

    Дали топлото време ќе го запре коронавирусот?

    Неколку статистички студии спроведени во последните месеци покажаа поврзаност помеѓу климата и коронавирусот – колку е повлажнo и потоплo, толку е помала веројатноста за ширење…

  • Русите ќе тестираат вакцина за COVID-19 кон крајот на јули

    Русите ќе тестираат вакцина за COVID-19 кон крајот на јули

    Компанијата „Biokad“ ќе ги започне клиничките испитувања на вакцината против новиот коронавирус во Санкт Петербург кон крајот на јули, соопшти прес службата на таа руска…

  • Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

    Русија блиску до решение: Вакцина веќе за три месеци?

    Вакцината за коронавирус може да биде регистрирана во Русија во август, најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александер Гунцбург. „Верувам дека…