Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,086.53 0.47%    BESK 7,300.00 -3.69%    GRNT 1,011.41 0.06%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,084.72 1.58%    MKSD 175.00 -9.79%    MPT 73,736.02 0.57%    MTUR 5,449.88 1.36%    OKTA 4,600.00 2%    RMDEN15 98.60 0%    RMDEN18 98.80 0.1%    SBT 2,599.53 4.47%    STB 1,160.72 0.06%    STIL 95.00 4.4%    TEL 307.50 -0.16%    TETE 2,419.07 2.94%    TNB 16,600.18 1.22%    TTK 1,500.00 -0.2%    UNI 2,300.00 0%    VITA 11,971.00 6.88%    

„Тајните архиви на Скопје“ на 13 ноември во КИЦ

Време: 14:01

Датум: ноември 4, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Kраткиот филм за Скопје, насловен „Тајните архиви на Скопје”, премиерно ќе се прикаже на 13 ноември во 18 часот во Кинотеката на Северна Македонија. Носител на проектот „Тајните архиви на Скопје“ е НУФЦ Вардар Филм, кој има за цел зачувување и афирмација на материјалното и духовното современо културно наследство на градот Скопје. Проектот е инициран, конципиран и координиран од Катерина Габунија, дигитализацијата и дигиталната обработка се на Александар Трајковски, обработката на тон е на Сашко Потер Мицевски, а гласот на Дарко Ристовски. Проектот е реализиран во соработка со Кинотека.

Колажот од видеа креира всушност лична, емотивна приказна за Скопје и Скопјани, раскажана низ четирите годишни времиња. Идејата на проектот е да не се влијае дополнително на материјалите, ниту пак да се врши измена во монтажата; туку да се прикажат истите во реално светло, онака како што неколку децении наназад биле првично монтирани и режирани од самите протагонисти.

Процесот на реализација на овој проект започнува со дигитализација на материјалите добиени по пат на јавен повик, потоа се преминува кон монтажа на слика и звук, како и проекција на краток филм за Скопје, каде главните протагонисти се обичните граѓани на Скопје. На овој начин, преку архивирање и дигитализација на стари филмски ленти (8мм и супер 8мм) од домашната архива на Скопјани се открива скриено богатство за животот во градот, но и се зачувуваат драгоцени документи, кои доколку не бидат дигитализирани, ќе исчезнат или ќе бидат дегенерирани и неупотребливи. Архивските снимки од Скопје кои до сега не биле видени ќе отклучат еден нов лик на градот што со децении бил скриен и заборавен во домашните семејни колекции. Тој во себе ги чува тајните на овој град и неговиот развиток во текот на децениите. „Тајните архиви на Скопје“ е проект подржан од Град Скопје.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Режисерот на Joker сака да сними продолжение, услов – Хоакин Феникс

    Режисерот на Joker сака да сними продолжение, услов – Хоакин Феникс

    Филмот Joker ги руши сите рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс ги израдува фановите со изјавата дека би било вредно да се сними и…

  • Издавачката куќа Антолог ја збогатува својата понуда со новата книга  „The Game“

    Издавачката куќа Антолог ја збогатува својата понуда со новата книга „The Game“

    Веројатно не постои човек што барем еднаш не ја обвинил технологијата за создавање на едно френетично, плитко општество, кое сè позабрзано ита кон катаклизма. Но…

  • Промоција на романот „Кафез за душата“ од Јован Дамјановски

    Промоција на романот „Кафез за душата“ од Јован Дамјановски

    Новиот роман на писателот Јован Дамјановски „Кафез за душата“ ќе биде промовиран во петок во Музичкото училиште „Тодор Скалоски“ во Тетово, со почеток во 18…

  • Нови гласини за љубовниот живот на Анџелина Џоли, таа наводно е во нова врска

    Нови гласини за љубовниот живот на Анџелина Џоли, таа наводно е во нова врска

    Врската на Бред Пит и Анџелина Џоли е среќна и потоа тажна приказна за таблоиди која никако да заврши. Три години откако поднесоа барање за…

  • Почнува меѓународниот танц натпревар „Dance OFF“

    Почнува меѓународниот танц натпревар „Dance OFF“

    Скопје е подготвено за еден од најзабавните и најинтересни настани во светот на танцот кој ќе се одржи оваа година. Студијата „Eat the beat“ и…

  • “Господ постои, името и’ е Петрунија” ја освои наградата  “Одисеј – за човекови права на советот на Европа”

    “Господ постои, името и’ е Петрунија” ја освои наградата “Одисеј – за човекови права на советот на Европа”

    Филмот “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја доби престижната Одисеј – наградата за Човекови права на Советот на Европа ,…

  • Азиска премиера на „Врба“ на фестивал во Тајпеј

    Азиска премиера на „Врба“ на фестивал во Тајпеј

    Филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски продолжува да го освојува и азискиот дел од светот. Азиската премиера ќе биде на 13 ноември во Тајпеј,…

  • Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

    Отворено првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

    Здружението  ,,Проект Среќа“,   месецот на детето- ноември, го започна со долгоочекуваниот проект- Прво бесплатно училиште за музика, уметности и вештини ,,Гитари Дирки и Свирки“ Целта…

  • European Film Challenge ќе се претстави на Cinedays 2019

    European Film Challenge ќе се претстави на Cinedays 2019

    Во тек е првиот европски филмски предизвик или European Film Challenge што ќе биде претставен во рамки на придружната програма на филмскиот фестивал – Cinedays…

  • Женската верзија на „Врба“ во „Синеплекс“, а машката во „Милениум“

    Женската верзија на „Врба“ во „Синеплекс“, а машката во „Милениум“

    По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, филмот „Врба“ и Милчо Манчевски се враќаат дома. За денеска е закажана премиера на филмот во Македонска…