20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри клуба заинтересирани за Емре Џан

Три клуба заинтересирани за Емре Џан

Три клуба се заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан.

Германецот не се вклопи во плановите на тренерот Маурисио Сари, кој дури го остави надвор од составот за Лигата на шампионите. Се чини дека клубот ќе бара купувач во јануари и се чини дека веќе има кандидати за неговиот потпис.

Најновите информации се дека Џан го привлекол вниманието на Пари Сен Жермен, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Така може да бидеме сведоци на интересна трансфер борба за правата на 25-годишниот играч од средниот ред.

Џан беше ангажиран во Јувентус во 2018 година како слободен агент од Ливерпул. Досега тој има 33 натпревари и 4 гола во Серија „А“ со екипата на „бјанконерите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП