20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВашингтон и Хјустон одиграа натпревар за историја

Вашингтон и Хјустон одиграа натпревар за историја

Екипата на Хјустон рокетс ноќеска го победи Вашингтон визардс на гостински терен со 159:158 во еден од најефикасните натпревари во историјата на НБА лигата.

Овој натпревар беше трет од постоењето на НБА лигата по вкупниот број на постигнати поени. Двете екипи постигнаа 317 поени.

Најефикасниот меч се одигра на 2 ноември 1990 година кога Голден стејт го победи Денвер со 162:158 (вкупно 320 поени).

Втор по ефикасност е мечот на 11 јануари 1984 година на кој Денвер го совлада Сан Антонио со 163:155 (вкупно 318 поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП