28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДибала: Навистина ми беа потребни овие два гола

Дибала: Навистина ми беа потребни овие два гола

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала кој беше најзаслужен за победата (2:1) на неговиот тим против Локомотив, рече дека многу му биле потребни головите што ги постигна синоќа.

– Навистина ми беа потребни овие два гола. Мојот тим и јас постигнавме добар резултат. Имавме проблеми, но искусни сме доволно за да останеме мирни и да најдеме излез од тешки ситуации, истакна Дибала.

Јувентус со новите три бода направи голем исчекор кон следната фаза во Лигата на шампионите, бидејќи по три кола е лидер во Д-групата со седум бода. исто толку има и Атлетико Мадрид. Локомотив Москва е трет со три бода, додека Баер Леверкузен е последен без освоен бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП