24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал ја „стопи“ предноста на Ѓоковиќ

Надал ја „стопи“ предноста на Ѓоковиќ

Рафа Надал ја топи предноста на Новак Ѓоковиќ во обид да се врати на првото место на АТП-листата. Србинот на првата позиција има само 320 поени повеќе од Шпанецот.

Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Мастерсот во Шангај, а со елиминацијата во четврт-финалето тој остана без 820 поени. Ѓоковиќ има 9.545 бода, а Надал 9.225. Шпанецот ќе се врати на првото место на 4 ноември, кога на Ѓоковиќ ќе му бидат одземени бодовите што ги освои со пласманот во финалето на завршниот Мастерс во Лондон. Надал минатата година поради повреда го пропушти овој турнир.

Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 9.545

2. Рафа Надал (Шпанија) – 9.225

3. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.950

4. Данил Медведев (Русија) – 5.920

5. Доминик Тим (Австрија) – 5.085

6. Александар Зверев (Германија) – 4.425

7. Стефанос Циципас (Грција) – 3.900

8. Карен Хачанов (Русија) – 2.990

9. Кеи Нишикори (Јапонија) – 2.860

10. Роберто Баутиста-Агут (Шпанија ) – 2.575

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП