28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска пресилна за македонската репрезентација

Полска пресилна за македонската репрезентација

Втор пат во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020, репрезентацијата на Полска ја совлада македонската селекција, овој пат во Варшава со 2:0.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски издржаа едно полувреме, но во второто потклекнаа под налетите на домаќините кои заслужено ги освоија трите бода.

Стрелци на головите беа Франковски во 74. и Милик во 80. минута.

Со оваа победа Полска избори пласман на ЕУРО 2020.

На другиот дуел од 8.коло од Г-групата одигран вечерва, Словенија на домашен терен загуби од Австрија со 1:0.

Табела:
1.Полска 19 бода
2.Австрија 16
3.Македонија 11
4.Словенија 11
5.Израел 8 (натпревар помалку)
6.Летонија 0 (натпревар помалку).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП