Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

НБРМ: Растот на БДП за првата половина од годината изнесува 3,6%

Време: 12:12

Датум: октомври 9, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На 8 октомври 2019 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови и дека економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Ниската и стабилна инфлација и поволната позиција на билансот на плаќања, од почетокот на годината, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања. Во вакви услови, на седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 2,25% и на аукцијата на благајнички записи на 9 октомври 2019 година да се понудат благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари, односно ист износ како износот којшто достасува.

Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, растот на БДП во првата половина од годината, според објавените проценети податоци, изнесува 3,6%. За третиот квартал од годината, обемот на расположливи податоци е ограничен. Засега, расположливите високофреквентни показатели за периодот јули ‒ август главно упатуваат на натамошен раст на економската активност, при засега поповолни поместувања во индустријата, трговијата и градежништвото, во однос на претходното тримесечје.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите девет месеци од годинава изнесува 1,0%, при што растот на цените е помал од очекуваниот. Воедно, очекувањата за движењето на странските цени, коишто влијаат врз домашните цени, се главно надолно ревидирани. Следствено, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година од 1,5% засега се оценуваат како претежно надолни.

Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, расположливите податоци за билансот на плаќања за првата половина од годината покажуваат подобри остварувања, и кај тековните, и кај финансиските трансакции, во однос на априлската проекција. Во однос на податоците за третото тримесечје, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со втората декада на септември упатуваат на можност за остварување малку повисоки нето-приливи од приватни трансфери во однос на проектираните за третиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена заклучно со јули и август посочуваат на можен поголем трговски дефицит од очекуваниот за третиот квартал, согласно со априлската проекција. Девизните резерви на крајот на септември се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за септември покажуваат нивен натамошен раст на годишна основа, согласно со очекуваната патека во рамки на априлските проекции.

Во периодот меѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банките се зголеми, главно како резултат на интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Конкретно во септември, Народната банка откупи 124,7 милиони евра, во услови кога банките трет месец по ред остваруваат нето-откуп на девизи во трансакциите со нивните клиенти. Високиот месечен износ врз основа на интервенции во еден дел беше остварен во услови на зголемена нето-понуда на девизи од нерезиденти. Покрај овие движења, за високиот месечен износ на интервенции на Народната банка придонесе и активниот пристап на управување со девизната ликвидност од страна на банките, со оглед на негативните приноси на меѓународните финансиски пазари. Откупот на девизниот пазар продолжи и на почетокот на октомври, при што збирно од почеток на годината заклучно со 7 октомври, Народната банка има откупено 366,45 милиони евра.

Во услови на висока денарска ликвидност во банкарскиот систем, банките имаа умерена потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Следствено, тие и натаму го насочуваат вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

На меѓународните финансиски пазари, во септември беше забележана умерено повисока склоност кон преземање ризик од страна на инвеститорите, главно заради зголемениот оптимизам за решавање на трговскиот спор помеѓу САД и Кина по заемното привремено олабавување на царинските бариери. Најголемите централни банки презедоа мерки за олабавување на монетарните политики, коешто сепак од страна на пазарните учесници беше согледано како помалку експанзивно од очекувањата, што заедно со зголемениот интерес за повисокоризични хартии од вредност доведе до повисоки приноси на државните обврзници од двете страни на Атлантикот. ЕЦБ најави пакет експанзивни мерки насочени кон поддршка на економијата на еврозоната, меѓу кои е и намалувањето на депозитната каматна стапка за 10 базични поени на нивото од -0,5%, како и започнувањето на програмата за откуп на хартии од вредност на 1 ноември, во износ од 20 милијарди евра месечнo. Воедно, беше наведено дека каматните стапки ќе се задржат на тековното или на пониско ниво, сè додека  не се увиди силна конвергенција на стапката на инфлација до ниво од близу до, но под 2%. На состанокот на ФЕД, како што се очекуваше, целното ниво на движење на референтната каматна стапка беше намалено за 25 базични поени, во распон од 1,75% до 2%.  Притоа, беше соопштено дека ова намалување се смета за доволно за натамошното одржување на економската експанзија.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше утврдено дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно се укажа на неповолните ризици од надворешното окружување, коишто се понагласени во споредба со периодот на изготвување на априлските проекции. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Акциите на Wall Street паднаа поради загубите на технолошките компании, но пазарот се уште е на добар пат да прокнижи втора недела на добивки поради…

  • Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска…

  • Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Британскиот министер задолжен за излегување на Велика Британија од Европската унија, Стивен Баркли изјави денеска дека не се согласува со оценката на гувернерот на Банката…

  • Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе трае 20 часа. Авионот би…

  • Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти во Северна Македонија, со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата,…

  • Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура…

  • ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    Европската комисија објави денеска дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на тарифите на САД кои се воведени поради субвенционирање на Airbus. „Жалиме за одлуката…

  • Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Во Словенија од денес лимитот за еднократни плаќања со бесконтактните картички Maestro, Mastercard i Visa се зголемува од 15 на 25 евра. POS терминалот на продажно место…

  • Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10…

  • Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Премиерот на Италија, Џузепе Конте вети „супер бонус“ на секој кој ќе се префрли од готовина на плаќање со картички. Тоа е дел од напорите…