23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНекогаш двете најсилни екипи во Премиер лигата сега се тимови со просечен...

Некогаш двете најсилни екипи во Премиер лигата сега се тимови со просечен квалитет

Манчестер Јунајтед и Арсенал синоќа ремизираа (1-1) во последниот натпревар од седмото коло во Премиер лигата. Скот Мектоминеј го постигна голот за Јунајтед во 45 минута, а конечните 1-1 ги постави Пејр-Емерик Обамејанг во 58 минута.

Англиската јавност по мечот е единствена во коментарите дека некогаш двете најсилни екипи во Премиер лигата сега се тимови со просечен квалитет.

За „Скај Спорт“ мечот го коментирале Џејми Карагер поранешниот играч на Ливерпул и Рој Кин некогашен капитен на Манчестер Јунајтед.

„Го гледам ова и не можам да се соземам колку е ова лошо. Нема квалитет на теренот, играчите се борат за да останат на нозе, премногу прекршоци се прават, нема никаква дисциплина. Застрашувачки е колку дата тима играа лошо“, рекол на полувремето Кин, а со критиките продолжи по мечот.

„Второто полувреме исто така беше шокантно лошо. Арсенал добро реагираше по примениот гол, но Јунајтед треба да жалат што не ги зедоа трите бода, гостите им го овозможуваа тоа. Но сепак од овој натпревар не можеме да извлечеме ништо позитивно“, заклучил Кин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП