ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2019 година.

Од вкупно 101 компанија, 73 завршиле со добивка, 27 компании завршиле со загуба, а една нема објавено резултати за првото полугодие од 2019 година.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 1.054.339.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува НЛБ банка АД Скопје со добивка од 963.243.000 денари и на третото место е Македонски Телеком АД Скопје со добивка од 880.788.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Комерцијална банка АД скопје, Цементарница УСЈЕ, Алкалоид АД Скопје, Мермерен комбинат, Охридска банка, Макпетрол и УНИ банка.

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП