26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА40. издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

40. издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки” оваа година се одржува по јубилеен 40. пат, а ќе го отвори новиот филм на култниот шпански режисер Педро Алмодовар, кој својата премиера ја имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал.

Организаторите објавија дека веќе е готова селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 и додадоа дека во годинашната селекција се вклучени повеќе филмови со експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. Познат е и составот на стручното жири, Едвард Лакман од Соединетите Американски Држави, претседател, Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Македонија.

Отворањето на 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки” е закажано на 14 септември, традиционално во Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП