29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоза на оптимизам во репрезентацијата пред натпреварот против Израел

Доза на оптимизам во репрезентацијата пред натпреварот против Израел

Македонската сениорска репрезентација во септември го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020 со два гостински натпревари, најпрво против Израел, а потоа против Летонија. Репрезентацијата во изминатиот период играше одлично, но добрата форма беше засенета од двата последователни порази од Полска и Австрија. Сепак, во соблекувалната владее позитивна атмосфера поведена од шансата за враќање во игра за пласман на претстојното Европско првенство.

Од резултатска гледна точка сѐ е можно во наредните два натпревари, но токму оној против Израел на 5-ти септември ќе даде насока за иднината на нашата репрезентација во овие квалификации. Израел е сериозен противник кој во своите редови го има најдобриот стрелец во квалификациите, Еран Захави (7 гола), но исто така е противник кој македонската репрезентација веќе го совлада на гостински терен во минатиот циклус и тоа влева доза на оптимизам кај фудбалерите.

Селекторот Ангелов има одличен однос со играчите, а професионалниот пристап и максималната организациска поддршка од Фудбалската федерација на Македонија дополнително влијаеа на доброто расположение на фудбалерите и тие во следниот натпревар влегуваат со големи желби и надежи за одржување на шансите за пласман на ЕП.

„Состојбата на табелата не ја отсликува реалната ситуација. Многу добро се покажавме на теренот, но за жал не освоивме ниту еден бод од претходните два натпревари. Имаме квалитет за повеќе, овој состав има потенцијал за освојување бодови и за подобар пласман на табелата. Во репрезентацијата владее оптимизам во пресрет на натпреварот против Израел и сметам дека ако одиграме како што знаеме, можеме да стигнеме до победа“, вели селекторот Ангеловски.

Неколкумина од репрезентативците ова лето го добија трансферот што го посакуваа и сега играат во посилни лиги, со што се отвора шанса за нивен напредок, а тоа во иднина би можело позитивно да се одрази на репрезентацијата. Елмас замина во Наполи, Несторовски е нов играч на Удинезе, Трајковски ја засили Мајорка, а Муслиу потпиша за унгарскиот Фехервар. Незаменливиот Горан Пандев и понатаму е лидер и капитен на составот, подготвен да го води националниот тим во борба за пласман на големо репрезентативно натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП