24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШпански режисер добитник на „Златен лав“ за животно дело

Шпански режисер добитник на „Златен лав“ за животно дело

Познатиот шпански режисер Педро Алмодовар на Венецискиот филмски фестивал ја прими наградата „Златен лав“ за животно дело.

Шеесет и деветгодишниот оскаровец, познат по филмовите „Зборувај со неа“, „Волвер“ и неодамна по неговиот автобиографски филм „Болка и слава“, го направи своето деби во 1983 година на Венецискиот филмски фестивал со својата комедија „Темни навики“.

Неговиот филм „Жена на работ на нервен слом“ во 1998 година беше меѓу номинираните за „Златен лав“ за најдобар филм, а со тој филм Алмодовар се здоби со светска слава.

„Венеција е местото каде што сум роден, како режисер. За мене ова е нешто многу посебно – им рече Алмодовар на новинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП