ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јули помалку промет во трговијата со автомобилски горива

Во јули помалку промет во трговијата со автомобилски горива

Прометот во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со јули 2018 година, бележи зголемување во повеќе сектори, а намалување има само во групата Трговија на мало со автомобилски горива.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9,0, а реално за 7,5 проценти), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,4, а реално за 13,4 проценти) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,3, а реално за 10,5 проценти).

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 4,8, а реално за 1,1 отсто).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП