29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати полуфиналните двојки на „Мастерс“ турнирот во Синсинати

Познати полуфиналните двојки на „Мастерс“ турнирот во Синсинати

Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ (Србија) се квалификува во полуфиналето на „Мастерс“ тенискиот турнир во Синсинати (САД) со награден фонд од 6,06 милиони долари. Лидерот во светската ранг-листа го совлада Французинот Лука Пуи со 7:6 (2), 6:1 за 86 минути.

Следниот ривал на Ноле ќе биде Русинот Данил Медведев, кој има за цел второ последователно финале, по минатонеделното во Монтреал. Медведев, кој во моментот е осми на светската ранг-листа, за нешто повеќе од еден час го елиминира својот сонародник Андреј Рубљов со 6:2, 6:3.

Во другото полуфинале, Ришар Гаске од Франција ќе се соочи со број 16 Дејвид Хофен од Белгија. Поранешниот број 7 на АТП листата, Гаске го отстрани 11-тиот во шемата Роберто Баутиста Агут (Шпанија) со 7:6 (2), 3:6, 6:2, стигнувајќи до пласман во полуфинале на „Мастерс“ турнир за првпат од 2013 година.

Гофен се квалификуваше во полуфиналето без да излезе на терен, откако неговиот противник Јошихито Нишиока (Јапонија) се откажа поради вирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП