29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарсело: Со Роналдо, шансите на Јувентус да ја освојат Лигата на шампионите...

Марсело: Со Роналдо, шансите на Јувентус да ја освојат Лигата на шампионите се зголемија

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело смета дека Јувентус има добри шанси да ја освои Лигата на шампионите.

Според него, оваа веројатност се зголемила по доаѓањето во екипата на Кристијано Роналдо.

– Ми се допаѓа италијанското првенство, силно е со богата историја. Јувентус беше близу до освојување на ЛШ. Но, да се победи во елитното натпреварување е многу тешко. Ова е цреша на тортата во животот на кој било играч. Со Кристијано Роналдо во тимот, шансите за Јувентус во Лигата на шампионите се зголемија, изјави Марсело за „Газета дело Спорт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП