19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА прославува 15 години од Хет Трик програмата. Муамед Сејдини: Извонредно значаен...

УЕФА прославува 15 години од Хет Трик програмата. Муамед Сејдини: Извонредно значаен проект за создавање можности за фудбал за сите

Следното лето, УЕФА ќе одбележи 60. години од организирање на еден од најпрестижните настани на континентоткога ќе биде организирано Европското првенство 2020. во 12 земји и градови низ Европа. Фудбалот ќе претставува мост меѓу нациите и ќе го донесе ова историско натпреварување поблиску до навивачите, кои се основниот крвоток на играта. Европското првенство не само што ветува одлични вештини, голови за паметење и многу возбудувања – исто така ќе донесе дополнителни 775.5 милиони евра во Хет Трик програмата на УЕФА, средства кои ќе бидат инвестирани во развојот на фудбалот насекаде низ Европа.

Оваа горда и успешна приказна, Хет Трик програмата на УЕФА слави 15 години од нејзините почетоци токму ова лето. Програмата започна со имплементација во 2004. година, со едноставна идеја – голем дел од заработката од Европското фудбалско првенство да се реинвестира во фудбалот. Од тогаш, Хет Трик програмата порасна во една од најшироко распостранетите програми за солидарност и развој кои се организирани од спортска организација. До 2024. година Хет Трик програмата ќе овозможи 2.6 милијарди евра во поддршка на своите федерации членки во три клучни сегменти – инвестиции, образование и размена на знаење.

Дополнително, овие инвестиции имаа ефект на „лавина“, бидејќи статистиките покажуваат дека за секое евро инвестирано во фудбал од страна на УЕФА, другите тела како што се националните сојузи, клубовите, локалните власти и владини тела вложуваат дополнителни 3.5 евра свои средства. Ова здружено финансирање е она што навистина му помага на фудбалот да расте, да се шири преку нови релации, иновации и солидарност во спортот.

Но, Хет Трик поддршката ја надминува првичната и очигледна потреба од инфраструктура. Некогаш, вниманието треба да се насочи на аспекти од фудбалот кои се во сенка на елитната игра – особено кога станува збор за инвестиција во младинскиот, женскиот и грасрут фудбалот, клупското лиценцирање, образование за тренери и судии, како и во многу други успешни приказни, кои што детално се објаснети во последното издание на официјалното списание на УЕФА – UEFA Direct:

http://uefadirect.uefa.com/185/en/16-1

Во последните 15. години, Хет Трик програмата во голема мера влијаеше на фудбалскиот пејсаж во земјите на 55-те членки на УЕФА. Милиони луѓе беа допрени од страна на оваа програма и уште милиони ќе бидат во иднина. За да се осигура влијанието и континуираниот раст, петтиот циклус на програмата кој ќе се имплементира во периодот од 2020. до 2024. година, УЕФА за секоја своја членка ќе обезбеди финансиска поддршка за период од 4 години во следните износи:

• За инвестиции: 4.5 милиони евра за циклусот;

• Тековно работење: 800,000 евра годишно;

• Учество во младински, женски, футсал и аматерски натпреварувања:250,000 евра годишно;

• Систем за УЕФА клупско лиценцирање: 250,000 евра годишно;

• Добро раководење: 200,000 евра годишно;

• УЕФА Грасрут повелба: 200,000 евра годишно;

• Развој на женски фудбал: 150,000 евра годишно;

• Тренерска конвенција: 100,000 евра годишно;

• Судиска конвенција: 100,000 евра годишно;

• Развој на елитни млади играчи: 100,000 евра годишно;

• Фудбал и социјална одговорност: 100,000 евра годишно;

• Учество на национални тимови / репрезентации: 100,000 евра годишно;

• Спречување на местење на натпревари и интегритет: 50,000 евра годишно.

Фудбалската федерација на Македонија во изминатите години преку Хет Трик програмата на УЕФА користеше наменски средства за реализација на важни инфраструктурни фудбалски проекти. Преку Хет Трик програмата на УЕФА се обезбедија средства за изградба на 10 терени со вештачка трева во десет општини во нашата држава, а нови три терени со вештачка трева, од кои два (Струмица и Кичево) веќе се во финална фаза на изградба. Преку оваа програма се поставија темелите на комплексот „Куќа на фудбалот“, тренинг центарот „Петар Милошевски“ и елитната фудбалска академија. Хет Трик програмата овозможи да се постават рефлектори за осветлување на пет стадиони во државата и да се постават нови тревни подлоги со модерен дренажен систем по највисоките светски стандарди. Хет Трик програмата на УЕФА овозможи Националната арена во Скопје и стадионот „Младост“ во Струмица да добијат категории потребни за одигрување на натпревари на А националниот тим. Во најновиот Хет Трик циклус ќе се градат или реконструираат трибини и придружни простории на стадионите во Чаир и Охрид.

 Како федерација секогаш ќе ја поддржуваме намерата и проектите кои имаат цел да ја развиваат и подобруваат фудбалската инфраструктура. Би сакал да изразам голема благодарност до УЕФА, што преку извонредно значајната Хет Трик програма вложуваат напори да ни помогнат во остварувањето на еден од нашите главни приоритети – создавање можности за фудбал за сите, вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП