19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВрвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

Врвен изведувачки артизам на солисти, префинети вокалитети, креативен сензибилитет донесе синоќешниот концерт на „Охридско лето“ на светски познатата оперска певица Инва Мула, сопранот Дешира Ахмети и тенорот Ѓорѓи Цуцковски кои настапија во пијано придружба на големиот пијанист и композитор, Генц Тукичи.

Раскошниот глас на албанскиот сопран Инва Мула уште еднаш во Охрид ги потврди високите естетки позиции што ги има певицата во светот на класичната музика и ја воодушеви публиката од различни генерации. Мула со порака од Охрид, да се приближи класичната музика до младите, но истовремено да се сочуваат нејзините вредности.

„Ние уметниците мора да се приспособуваме и на младата публика, да најдеме начин како да им ја приближиме бидејќи светот на класичната музика е доста затворен. Она што се слушало пред двесте или 300 години морало да биде изведено до перфекција, до совршенство. Се разбира дека не сум поборник да се земе некое класично дело и да се изведе на комерцијален начин бидејќи сметам дека на тој начин се губи вредноста на класичната музика. Сепак, мора да најдеме начин, класичната музка да се приближи до младата публика. Таа нема трпение да ја следи класиката како што сме ја следеле ние и затоа, мора да внимаваме како им ја приближуваме. Прв којшто ги отворил вратите класичната музика да се приближи до широката публика е Павароти. Ние сега треба да ги држиме тие врати отворени, а истовремено да ги сочуваме вредностите на класичната музика“, вели сопранот Инва Мула.

Македонската оперска певица Дешира Ахмети и нејзиниот колега, тенорот Ѓорѓи Цуцковски кои со својата префинетост и совршено пеење брилјираа на концертниот подиум, најавија дека соработката со Мула ќе продолжи како и досега.

Програмата што беше синоќа на репертоарот на „Охридско лето“, ариите од оперите, оперската дива Инва Мула ја избра специјално за учеството на фестивалот.

Синоќешниот концерт го следеше и бројна публика од поширокиот регион,а дел од нив дојдоа во Охрид специјално само за да проследат несекојдневното уметничко доживување во црквата „Света Софија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП