25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 9,5 милијарди евра сомнителни трансакции во Холандија

Над 9,5 милијарди евра сомнителни трансакции во Холандија

Во 2018 година во Холандија е регистриран рекорден број на сомнителни финансиски трансакции.

Станува збор за пари кои се користат, на пример, за финансирање на тероризам или за големи суми пари кои преку холандски банкарски сметки се пренесуваат во странство на “перење”, објави холандската телевизиска станица NOS.

Според информациите кои ги објави холандската Финансиска разузнавачка служба (Financial Intelligence Unit, FIU), се работи за речиси 58.000 трансакции кои се идентификувани како сомнителни, со вкупен износ од над 9,5 милијарди евра. И вкупниот износ на сомнителни трансакции е значително повисок отколку во 2017 година, кога изнесувал 6,7 милијарди евра.

Најголем број на сомнителни трансакции се однесуваат на перење пари, финансирање на тероризам и измама.

Холандската финансиска разузнавачка служба добила најмногу пријави од, меѓу другото, банки, трговци, казина и здруженија за кредитни картички.

Најмногу сомнителни трансакции пријавиле банките.

Минатата година холандската банка ING плати казна од 775 милиони евра токму поради тоа што системот за откривање на сомнителни трансакции не бил доволно ефикасен, по што банката ветила дека ќе го подобри.

Финансиската разузнавачка служба досието за сомнителни трансакции го проследува меѓу другото и до холандската служба за фискални информации и истраги (FIOD), но за сега не е познато колку од откриените сомнителни трансакции довеле и до идентификација и апсење на одговорните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП