24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWashington Post: Huawei тајно изградил бежичен интернет во Северна Кореја

Washington Post: Huawei тајно изградил бежичен интернет во Северна Кореја

Кинеската технолошка компанија Huawei тајно и помогнала на Северна Кореја да изгради и одржува комерцијална безжична интернет мрежа, објави американскиот дневен весник Washington Post.

Според весникот, кинескиот телекомуникациски гигант во текот на изминатите осум години се здружил со државната кинеска компанија “Panda international information technology” во голем број проекти во Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна, одговарајќи на пишувањата на весникот, дека ќе мора да ги провери наводите.

Весникот вели дека сличен потег на Huawei може да покрене и прашања дали компанијата ги прекршила и извозните контроли на САД за снабдување на Северна Кореја со опрема.

Америка во мај, го стави Huawei на црната листа, спречувајќи ги американските компании да продаваат делови на кинескиот технолошки гигант, освен со специјални лиценци. Меѓутоа, Трамп минатиот месец објави дека компаниите од САД би можеле да продолжат со продажбата во обид да ги обноват трговските разговори со Кина.

Од компанијата ги демантираат информациите објавени во весникот.

“Huawei нема деловно присуство во Демократската Народна Република Кореја. Huawei е целосно посветен на усогласување со сите важечки закони и регулативи во земјите и регионите каде што работи, почитувајќи ги сите закони и регулативи за контрола на извозот и санкциите на ОН, САД и ЕУ”, се вели во демантот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП