20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit банка отпушта 10.000 вработени

UniCredit банка отпушта 10.000 вработени

UniCredit банка, најголемата италијанска банка по обемот на средства, разгледува укинување на околу 10.000 работни места или десет проценти од својата глобална работна сила, како дел од новиот бизнис план кој ќе биде претставен во декември, објави Reuters повикувајќи се на два неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Еден од изворите тврди дека банката ќе објави најмалку 9.000 откази кои речиси ќе бидат реализирани во Италија.

Преговорите со синдикатите, кои би требало да започнат по 3 декември кога ќе биде објавен бизнис планот за периодот од 2020 до 2023 година, би можел да резултира со намалување на бројот на откази.

Во UniCredit банка одбија да дадат коментир, објави британската агенција и додава дека њујоршката агенција Bloomberg првa објави за планираните отпуштања.

Жан Пјер Мустиер, првиот човек на UniCredit, неодамна изјави во интервју за La Stampa дека новиот план на Банката е врз основа на растот на органска основа, и дека ќе биде во континуитет со претходните со цел остварување вредност за акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП