18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер на пат да го скрши рекордот за најгледан тениски меч

Федерер на пат да го скрши рекордот за најгледан тениски меч

Финалистот на „Вимблдон“ и 20-кратниот Гренд-слем шампион, Роџер Федерер, ќе игра егзибициски меч на 24-ти ноември во Мексико, на најголемата арена во Мексико.

Објектот собира 41.200 гледачи. Овој натпревар ќе биде прв за Маестро во Мексико. Ривал на 37-годишниот Швајцарец ќе биде дополнително определен.

Дуелот може да собере рекордна публика за тениски меч. До сега, врвното достигнување го имаат Ким Клајстерс и Серена Вилијамс. Двете собраа 35.000 гледачи на егзибициски натпревар во Брисел во 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП