Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Просечната плата пораснала за 3.1% за една година и за околу 20% за една деценија, но и покрај овие солидни достигнувања Македонија останува закотвена речиси на европското дно според примањата на работниците.
Раст на просечната плата од 3.1% за една година
Просечната плата достигнала 25.270 денари и за една година се зголемила за 3.1%. Во мај 2019-та во однос на истиот месец од 2018-та најмногу пораснале платите на вработените во секторите транспорт и складирање (10.0%), градежништво (7.4%) и дејности на здравствена и социјална заштита (7.2%). Во истиот период намалување на платите има кај угостителството (-7.9%) и дејности во врска со недвижен имот (-0.8%).
Највисоки плати имаат секторите финансиски и осигурителни дејности (47.385 денари), информации и комуникации (43.431), снабдување со електрична енергија и гас (39.034) и рударство и вадење камен (35.034 денари).
Најниски плати имаат секторите угостителство (18.087 денари), административни и помошни дејности (18.868), земјоделство, шумарство и водостопанство (19.955) и преработувачка индустрија (20.926).
Како поединечни професии најплатени и натаму се програмерите, правниците осигурителите и сметководителите, како и вработените во воздухопловството. Најниски плати имаат рибарите, како и работниците во кожарската и текстилната индустрија.
Раст на просечната плата од 20% за една деценија
Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 20%.
Просечната плата во 2010-та била 20.330 денари, во 2014-та 21.327, во 2016-та 22.254, во 2018-та 24.025 и во 2019-та 25.270 денари.
Од друга страна во Бугарија платите за последните десет години (од 2009 до 2018 година) пораснале за неверојатни 87%.
Во Романија платите пораснале за 34%. Следат Полска со 30%, Латвија 21%, Литванија Словенија и Естонија со 20% и Чешка со 17%.
Десет земји доживеале пад на реалните просечни плати. Грција со 23%, Хрватска со пад од 11%, Кипар 7%. Во Португалија, Шпанија и Италија платите паднале за еден или два проценти додека во Белгија и Финска стагнираат.
И покрај солидниот раст Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа според висината на просечната плата. Со нето приход 25.270 денари односно 411 евра зад нас се само неколку држави.
Споредбената анализа на официјалните податоци на државните статистики покажува дека најниска плата имаат жителите на Украина, 315 евра. Нешто подобро стојат Албанија со 350, Молдавија со 360, Белорусија со 410.
Подобро од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 465 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат по 470, во Црна Гора 530, во Хрватска 850 и во Словенија 1.100 евра месечно.
Малкумина над, многумина под просекот
Иако просечната плата значително расте останува главниот проблем – богатите стануваат побогати, а сиромашните остануваат сиромашни. Дури ни зголемениот минималец не успева да ги испегла разликите – најмалку платените сектори имаат и над шест пати пониски приходи од најдобро платените.
Истражувањето на Македонска платформа против сиромаштија (МППС) дека 70% од работниците земаат плата под просечната.
Ова го потврдува и најновата публикација на Државната статистика „Жените и мажите во Северна Македонија“. Во неа стои дека само 3.1% од работниците имаат плата над 40 илјади денари. 4.9% меѓу 30 и 40 илјади, 9.1% меѓу 25 и 30 илјади.
К. Н.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека САД ја постигнале таканаречената прва фаза од трговскиот договор со Кина. Според неа, Вашингтон ќе се откаже…
Министерството за финансии на САД ги укина санкциите кон три руски компании, се вели во документот објавен на веб страницата на Министерството. Од американскиот список…
Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа за 11 месеци оваа година, а Италија најголем увозник, покажа студијата за европски интерконекторски пазар. Студијата на…
Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни…
Во Македонија бројот на изградени станови месечно е колку во поголем број од европските земји за 12 месеци односно за цела година. Податоците од Меѓународниот…
Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи денеска и на тој начин ќе…
Времето во Република Северна Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови,…
Во свечена атмосфера, во присуство на бројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава беа доделени десетте признанија за…
Компаниите од Македонија малку ги искористуваат средствата што им се нудат од европските фондови, но доколку бидат поактивни и поинформирани, во земјава може да влегуваат…
На европските берзи утрово цените нагло се зголемија, по вестите за трговскиот договор меѓу САД и Кина и убедливата победа на Конзервативната партија на парламентарните…