25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските пазари: Скок на индексите, се очекува FED да ги намали каматните...

Азиските пазари: Скок на индексите, се очекува FED да ги намали каматните стапки

На азиски пазари индексите се зголемија на крајот од оваа недела бидејќи инвеститорите се повеќе се убедени дека американската централна банка на крајот на овој месец ќе ги намали каматните стапки.

MSCI Asia Pacific Index скокна за 1 процент. Јапонскиот Nikkei 225 се зголеми за 2 проценти.

На инвеститорите новата доза на оптимизам им ја инјектира претседателот на њујоршкиот FED, Џон Вилијамс, кој минатата ноќ изјави дека креаторите на политиката не можат да чекаат да ја погоди економска катастрофа пред додавање на стимулации, во говорот кој се чита како моќен аргумент во корист на брзото монетарно дејство.

Коментарите на Вилијамс всушност значат дека FED дефинитивно ќе ги намали каматните стапки за 25 базични поени на состанокот за политика од 30 до 31 јули и ќе ги оживее очекувањата за уште подлабоко намалување од 50 базични поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП