20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија влегува во рецесија во случај Брегзит без договор

Британија влегува во рецесија во случај Брегзит без договор

Велика Британија ќе влезе во рецесија во случај да ја напушти Европската унија без договор, објави британската Канцеларија за буџетска одговорност.

“Велика Британија ќе влезе во рецесија во четвртиот квартал од 2019 година, кој ќе трае една година. БДП ќе падне за 2,1 проценти”, се наведува во извештајот на Канцеларијата кој е објавен денес.

Британската фунта ќе изгуби 10 проценти од вредноста веднаш по излегувањето, 31 октомври, ако биде излез без договор, соопшти Канцеларијата.

Како што се наведува, зголемената несигурност и намалената доверба ќе ги одвратат инвестициите, а повеќето трговски бариери со ЕУ ќе го оптоварат извозот.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври, но парламентот го отфрли договорот за прекин со европскиот блок. Борис Џонсон и Џереми Хант, двајцата кандидати за нов премиер на местото на Тереза Мај, изјавија дека ќе ја напуштат ЕУ и без договор, ако европскиот блок не сака повторно да преговара за тој документ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП