29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за...

На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10 665 места.

Според Конкурсот на УКИМ, во квотата за редовни студенти слободни се 5387 места, за редовни со кофинансирање на студиите има 4248 места и за вонредни студенти слободни се 1030 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

Првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот на 12 и 13 септември и третиот рок на факултетите каде што ќе има слободни места е на 25 септември.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, почетокот на учебната година за студентите е на 1 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП