20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТаткото на Нејмар на состанок со шефовите на Јувентус

Таткото на Нејмар на состанок со шефовите на Јувентус

Таткото на Нејмар е во Торино за средба со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, вели „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на информации од Италија.

Веста доаѓа во денот, кога целото внимание на навивачите беше приковано на трансферот на Матаис Де Лихт од Ајакс во Јувентус за 75 милиони евра.

Според публикацијата средбата ќе има информативен карактер, а до овој момент не се водени конкретни разговори за привлекувањето на Нејмар од шампионите на Италија во последните осум години.

Бразилецот е пред напуштање на Пари Сен Жермен, а за неговата желба тренерот Томас Тухел изјави дека знае од крајот на сезоната во Лига 1. Барселона се обидува да го врати Нејмар во своите редови, но засега преговорите со ПСЖ не се напредни.

Фановите на Јувентус не се воодушевени од информациите. Многумина веруваат дека тоа е лажна вест, а според други Бразилецот едноставно не е потребен на „Старата Дама“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП