19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМедиуми: Volkswagen се уште не одлучил каде да изгради фабрика

Медиуми: Volkswagen се уште не одлучил каде да изгради фабрика

Автомобилскиот гигант Volkswagen сè уште не одлучил каде ќе гради нова фабрика, направен e краток избор, а конечната одлука ќе биде донесена врз основа на резултатите од преговорите, изјави портпаролката за производство и продажба на оваа германска компанија, Лесли Ботке.

Таа истакна дека во последниве месеци биле испитувани разни локации во Европа, а фазата на истрага сега е придружена и со конкретни преговори.

“Не можеме да откриеме детали за одделни локации”, изјавила Ботке.

Ги негирала информациите објавени од страна на германските медиуми дека е одлучено Volkswagen да гради фабрика во Турција, во близина на Измир.

Агенцијата Reuters објави неодамна, цитирајќи ги германските медиуми, дека Надзорниот одбор на Volkswagen одлучил локацијата за фабриката да биде во близина на Измир.

Наведено е дека Škoda ќе биде еден од брендовите кој таму ќе се произведуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП