18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАјкула од два метри влечела рибарски брод (видео)

Ајкула од два метри влечела рибарски брод (видео)

Рибарите во Сан Франциско останале во шок кога нивниот мамец го загризала бела ајкула долга 2 метри. Борбата тек следела…

Седум рибари отпловиле околу заливот Сан Франциско во потрага по добар улов, кога Џо Гамез (42) почувствувал многу силно повлекување на една од неговите прачки, објави Daily Mirror.

Тие дури и не се сомневале во она што го фатиле, се додека ајкулата не почнала силно за да го влече чамецот четири километри од местото каде што се наоѓале.

Во еден момент, белата ајкула излегла на површината на водата. Според зборовите на Гамез, “биле и исплашени и возбудени затоа што одеднаш виделе суштество долго околу два метри”.

И покрај необичниот улов, групата рибари одлучиле да ја пуштат ајкулата, така што ја исекле жицата и ја пуштиле да отплива со мамецот.

Минатата недела канцеларија на шерифот Сан Матео издала предупредување за големи бели ајкули кои беа забележани на брегот на заливот “Полумесечина”.

Зголемувањето на бројот на ајкули, според нивните зборови, може да се поврзе со топлите временски услови, кои ја зголемуваат температурата на водата од 2014 година.

Фаќањето голема бела ајкула без ослободување е нелегално, бидејќи тие се заштитени видови во Сан Франциско.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП