Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Време: 15:20

Датум: јули 15, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 10 илјади членови и повеќе од 14 милиони евра средства под управување за 10 години работа на доброволниот пензиски фонд*.

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје денес прославува 10 години од извршената прва уплата во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

Сава пензија плус е прв формиран доброволен пензиски фонд во Република Северна Македонија, со  дозвола за управување добиена во 2009 година. Првата уплата на доброволен пензиски придонес била реализирана пред точно 10 години на 15.07.2009 година.

Доброволното пензиско осигурување кое го нуди Сава пензиско друштво а.д. Скопје за индивидуално членување и професионално членување преку компании, е високо регулиран финансиски производ на пазарот кој овозможува долгорочно штедење на средства за дополнување на идната пензија. Штедењето во доброволен пензиски фонд или таканаречен трет пензиски столб е дополнително стимулирано од државата преку даночни бенефиции.

Во текот на овие 10 години работење 10.308 членови* искажаа доверба дел од своите заштеди да ги вложат во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Нивните заштедени пари заедно со остварениот принос од вложувањата достигнаа нето вредност 859,36 милиони денари*. Од Сава пензиско друштво а.д. Скопје се особено горди на постигнатиот просечен годишен принос* остварен од инвестирање на средствата уплатени од страна на членовите за минатите седум години (од 30.06.2012 до 30.06.2019) кој изнесува 6,38% номинален**, односно 5,47% реален**.

„Досегашниот остварен принос е резултат на соодветно поставената Стратегија за инвестирање која се реализира преку избор на квалитетни финансиски инструменти и напредни техники на управување со портфолио и управуање со ризици од страна на нашиот стручен тим на професионалци. Средствата на пензискиот фонд, покрај во домашни обврзници и депозити во домашни банки се инвестирани во квалитетни странски и домашни компании со добри долгорочни перспективи, висока профитабилност и солидни дивидендни приноси. Визијата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е да биде препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.“ по повод јубилејот изјави г-ѓа Мира Шекутковска, Претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Покрај управувањето со првиот доброволен пензиски фонд, Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува и со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, со средства под управување на 30.06.2019 година од 32.943,68 милиони денари (над 500 милиони евра)  и со 238.732 членови.*

Друштвото е членка на словенечката Сава Осигурителна Групација која брои 22 членки од осигурителниот бизнис и бизнисот со управување со средства, а во Македонија, покрај Сава пензиско друштво а.д. Скопје, дел од Групацијата е и Сава Осигурување АД Скопје. Официјален деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е и НЛБ Банка АД Скопје.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Флексибилниот Motorola Razr во Европа пристигнува во текот на декември!

    Флексибилниот Motorola Razr во Европа пристигнува во текот на декември!

    Одамна се шпекулира дека Motorola планира да ја оживее Razr линијата, чиј најнов член ќе биде првиот флексибилен телефон на компанијата. Сега се појавија нови…

  • Германски град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

    Германски град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

    Германскиот град Билефелд, за една полусериозна теорија на заговор која тврди дека градот навистина не постои, нуди голема награда за оној кој ќе докаже дека…

  • Забава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

    Забава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

    Речиси 10.000 луѓе досега се пријавиле за учество на забава на холандска плажа, за да го одбележат излезот на Велика Британија од Европската унија. Организаторите…

  • Цените на нафтата во пад

    Цените на нафтата во пад

    Цените на суровата нафта паднаа во вторникот на меѓународните пазари на 59 американски долари, во услови на голема загриженост за побарувачката. Таа загриженост ги надмина…

  • Продолжување на проектот купи куќа купи стан

    Продолжување на проектот купи куќа купи стан

    Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе се…

  • Светот сè уште не го видел ова: Пуштен во употреба еколошки траект! Не му треба ни малку гориво (видео)

    Светот сè уште не го видел ова: Пуштен во употреба еколошки траект! Не му треба ни малку гориво (видео)

    Комплетно ги заменува траектите на конвенционално гориво. Траектот Ellen, кој комплетно се напојува на електричен погон и може да носи 30 возила и 200 патници,…

  • Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

    Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

    Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемената консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за…

  • Спектакуларен облак во форма на печурка се формира над езерото Балатон во Унгарија

    Спектакуларен облак во форма на печурка се формира над езерото Балатон во Унгарија

    Џиновски атомски облак се формирал над унгарското езеро Балатон во селото Алсоорс во петокот, пренесува „Спутник“. Спектакуларниот феномен се нарекува влажен микроизлив. Дел од облакот…

  • Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

    Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

    По благиот раст кај кредитите на корпоративниот сектор во јуни, во јули е евидентиран позначителен пад од 2,3 проценти, кој се должи на падот во…

  • Microsoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

    Microsoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

    Негативните каматни стапки, падот на приносите на обврзниците, посилното регулирање и знаците на рецесија ја избришаа поголемата пазарната вредност на европските банки. Откако индексот во…