28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХакирана јапонската менувачница за криптовалути, загуба од 32 милиони долари

Хакирана јапонската менувачница за криптовалути, загуба од 32 милиони долари

Jапонската менувачница за криптовалути Remixpoint објави дека поради хакирање загубила вертуелни пари во вредност од 3,5 милијарди јени или 32 милиони долари.

Компанијата Remixpoint со седиште во Токио која раководи и со криптоменувачницата BitPoint, како и работење со патувања, автомобили и енергија, се извини денес тврдејќи дека загубите биле потврдени од вчера.

Се испитува причината за настанатата загуба која вклучува биткоини но и други криптовалути како што се етереум и рипл.

Компанијата соопшти дека околу две третини од овие загуби ги погодија корисниците, а остатокот Remixspoint. Сите трансакции на менувачницата се прекинати. Компанијата соопшти дека резултатите од истрагата ќе бидат објавени што е можно поскоро.

Јапонија беше релативно отворена за криптовалутите која користи технологија наречена блокчејн, и покрај некои големи грабежи. Земјата има воспоставено систем за издавање дозволи за контрола на употребата на криптовалутите. Биткоинот е легално платежно средство во Јапонија од април 2017 година.

Една од најголемите биткоин менувачници во светот, платформата за тргување Мt. Gox од Токио бешее хакирана и банкротираше во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП