25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei пронајде начин како да се смири со Америка

Huawei пронајде начин како да се смири со Америка

Кинескиот производителот на паметни телефони Huawei е подготвен да потпише со владите на различни земји договори кои нема да користат “бекдор” за да добијат пристап до кориснички податоци.

“Кина нема никакви законски норми кои бараат од компаниите да се вклучат во собирање разузнавачки информации. Ние го искажуваме својот став до Владите на сите земји дека сме подготвени да потпишеме договор за исклучување на бекдор”, изјавил еден од лидерите на компанијата Лијанг Ху.

Тој уверува дека во сите земји каде што Huawei ги отвори неговите филијали и претставништва, компанијата работи во согласност со локалните закони.

Обвинувањата за собирање на доверливи информации од корисниците и нивно предавање на кинеската влада биле причина за воведување на санкции од американскиот претседател Доналд Трамп против Huawei. Во средината на мај тој ја вклучи компанијата на црната листа, забранувајќи му на американскиот бизнис да соработува со неа.

Бекдор е програма која инсталира вируси, црви или тројански коњи (без знаење на сопственикот) и која овозможува на трети лица неовластен пристап до компјутерот. Бекдор ги користи недостатоците на оперативните или безбедносните системи (заштитен ѕид или антивирусна програма).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП