Управата за јавни приходи ги извести граѓаните дека сега апликацијата МојДДВ е достапна и за корисниците на IOS системите.
Апликацијата можете да ја преземете од Аpp store како и од следниот линк https://apps.apple.com/us/app/moj-ddv-ujp/id1472553785
Доколку не сте регистрирани на системот е-Персонален данок , регистрирајте се. Вашата е-пошта и лозинка ќе ги користите како најава во апликацијата Мој ДДВ.
Преземете ја апликацијата и скенирајте фискални сметки и остварете го правото на 15% поврат од пресметаниот ДДВ.