Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Мисла на неделата – Си беше еднаш, а можеби е и денес

Време: 08:46

Датум: јули 12, 2019

Категорија: КОЛУМНИ

Интересна беше 1986-та година. Полуматура, првите стискавци (или што би се рекло ‘’танго’’) во спортската сала на основното училиште каде што учев. Аргентина со Марадона стана светски првак во фудбал. Се случи Чернобил.

Меѓу другото запаметив и нешто друго од таа година. Тогаш живеев во Дебар. Пролетта, негде измеѓу Чернобил и светското во фудбал, излезе муабет дека низ град кружи непознато темно возило со чудни ликови во него. Истото тоа возило и тие ликови се поврзуваа со наводно исчезнување на деца, кои потоа биле бесени за нозете и сечени така што крвта да им истече од телото. Таа крв потоа се продавала на црниот пазар некаде во странство. Нормално, излезе сето тоа дека е лага, но беше добар изговор нашите родители да не не пуштаат надвор од дома после училиште.

За време пак на конфликтот во 2001 година во Македонија, поточно на неговиот почеток, во Дебар се гледаше само МРТВ 1 и 2. Не сум баш сигурен дали тогаш се фаќаше третиот канал. Јас со мало дете од шест месеци, и жена ми која не е од мојот крај. Некаде приквечер телефонот почнува да полудува. Прва ѕвони братучетка ми од Берово.

“Братучед што чекате, видени се вооружени лица на периферијата на Дебар. Тргајте, бегајте, добредојдени сте кај нас.”

Велам “Мирно е, нема ништо”.

“Братучед кажаа на таа и таа приватна телевизија. И на другата ја потврдија веста. Сигурни и точни се информациите.”

Им се јавувам на моите пријатели и братучед кои беа во служби во и околу МВР. Сите до еден ми рекоа дека е мирно, дека нема ништо по радио систем или пак дека има пријава на такви работи.

Но после 20 – тиот истоветен повик (од пријатели, мои роднини, роднини од жена ми, од Скопје, Струмица, роднините од Србија …..) сопругата започнува целата да се тресе. А ситуацијата дома е таква што и јас и моите родители работевме. Нејсе, се спакувавме и утрото рано ги однесов сопругата и мојот син кај родителите на сопругата, далеку од Дебар. Фала Богу во Дебар скоро и да немаше пукање, градот и околината колку толку нормално фукционираа, но лажните вести направија да живеам одвоен од моето семејство повеќе месеци. Не сум сигурен но мислам дека во таа 2001 година, во Македонија имаше најмногу смртни случаи од срцеви и мозочни инфаркти.

Се сеќаваме сите на вестите од пред некој месец за возило кое следело луѓе по Скопје за да ги киднапира, па потоа да им ги извади органите за да ги продава на црниот пазар за човечки органи. За жал тие вести се совпаднаа, случајно или намерно, со периодот кога две, три лица беа исчезнати, а некои од нив и најдени набрзо мртви. Се створи една таква паника што не ми се веруваше. Имав дури и две три жолчни расправии со колеги и познаници за тоа колку е државата (читај власта) неспособна. Колку е криминалот во пораст и дека не треба да се излегува од дома сам, дека децата треба да се испраќаат до училиште и да се чекаат после часови водени за рака и т.н. .

Како ја почнав колумната? Со вистинска приказна од пред 33 години. Сакам да кажам дека феноменот на лажни вести не е модерна работа, такви вести имало и ќе има. Ај, може да разберам дека тоа е нешто што би било нормално можеби во шоу бизнисот, но во другите сфери од животот не се баш полезни овие лажни вести.

Еден човек вчера, низ разговор што го воедевме, паметно констатираше дека светите книги во сите религии не се самите по себе религија, туку правила и прописи по кои човекот треба да живее односно правилно да живее. Истото е и со демократијата, меѓу другото таа е систем на правила и прописи односно права и обврски што треба да обезбедат подобар живот за сите. За жал повеќето сме свесни за нашите права, но некако тоа обврските ни бегаат од контрола, зар не?

Во ова време на политички маркетинг лажните вести станаа секојдневие. Веќе не можеш да знаеш што е вистина а што намерна лага. После, одозгора на сето тоа прес конференции, загрижени лица пред ТВ камерите, повикување на одговорност. Се само да се дојде до целта т.е. да се дојде или остане на власт.

Пишував и минатиот пат дека самоконтролата и сомооценувањето односно самоодговорноста скоро и да не постојат кај нас. Ве молам да правиме разлика помеѓу самоконтрола и самоцензура. Ова второто е полошо. Но ги замолувам креаторите на лажните вести да рамислат дека си играат со човечки судбини.

Јас лаички колку што знам е дека за да се пласира некоја вест во весници или по други медиуми, без оглед кој е изворот, се бара потврда на таа вест од засегнатите но и од неутрални страни. Затоа секоја вест што не е  потврдена или демантирана од релевантни страни за мене не е вест туку е чиста шпекулација.

Да, лично сум бил засегнат од лажни вести, влиајеле на мојот живот и затоа сметам дека тој што пласира лажна вест треба да сноси одговорност. Да повторам, деморатија = правила + прописи, а ќе додадам и соодветни казни за непочитување на истите.

Да не се рабереме погрешно, не барам инквизиција за секоја кажана вест, но соодветните здруженија на новинари, синдикат, сопственици на медиуми и други нека си воспостават морален кодекс односно механизми за казнување на лажните весникари. А третата власт нека изрекува правовремени и соодветни казни и за овие дела.

Сакам да кажам и да апелирам дека еснафот во секоја струка е тој кој што треба да биде прв филтер на лошото во својата струка и на тој начин и да се продуцираат и идни одговорни дејци, а ве уверувам дека корист од тоа ќе имаме сите заедно.

М-р Раде Чоловиќ

Редакцијата на ДЕНАР.МК не секогаш се согласува со ставовите искажани во текстовите од нашите соработници и истите не ги претставуваат ставовите на ДЕНАР.МК

За англиска верзија кликнете ТУКА / For english version click HERE

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Мисла на неделата – А можевме (можеме) ……

    Мисла на неделата – А можевме (можеме) ……

    Одaмна гледав еден југословенски воен филм. Коле Ангеловски одигра брилијантна роља во истиот филм. Не се сеќавам како беше насловот, но приказната беше отприлика ваква.…

  • Мисла на неделата – НАСА и Титан го освојува, а кај нас нема кој тревата да ја искоси

    Мисла на неделата – НАСА и Титан го освојува, а кај нас нема кој тревата да ја искоси

    Читам на интернет порталите дека НАСА  (NASA – National Aeronautics and Space Administration) ќе испрати  беспилотно летало да ја испитува атмосферата и површината на Титан…

  • Мисла на неделата – да сте живи и здрави!

    Мисла на неделата – да сте живи и здрави!

    Убав поздрав нели, “да сте живи и здрави”. Народната мудрост низ вековите, а и секој човек лично, вели дека здравјето е бесценето и дека е…

  • Мисла на неделата –гранки се зеленат

    Мисла на неделата –гранки се зеленат

    Најчесто низ Скоје се движам со јавен превоз односно со автобусите на ЈСП и приватните сопственици. И ако мене ме прашувате сметам дека јавниот автобуски…

  • Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Не е ова писание за кумот, туку за името е. Не можам и да сакам да ја завртам главата или да ја ставам во песок…

  • Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака. Во…

  • Мисла на неделата –УА свиркачи

    Мисла на неделата –УА свиркачи

    Не, не е овонеделниов напис за политика или никакви закони или слично. Туку е против прекумерната употреба на автомобилските свирки (сирени) во секојдневниот сообраќај и…

  • Мисла на неделата – Морален распад

    Мисла на неделата – Морален распад

    И си беше една ТВ презентерка која затаила данок. Се покаја си плати казна и никому ништо. Си беше и еден доктор кој призна (откако…

  • Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Во (веќе далечната) 2006-та година бев на годишен одмор во Република Албанија. Интересно ми беше што на самата плажа на поедини места имаше бункери.  Да,…

  • Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Во насока на подржување на јавната расправа околу воведување на прогресивен данок на добивка е и овонеделната Мисла на неделата со што сакам да го…