23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat вложува 700 милиони во електричната верзија на моделот 500

Fiat вложува 700 милиони во електричната верзија на моделот 500

Автомобилската компанија Fiat Chrysler Automobiles инвестира вкупно 700 милиони евра за изградба на производна линија за новата електрична верзија на моделот 500, изјави денес оперативниот директор на групацијата за Европа, Блискиот Исток и Африка, Пјетро Горли.

“FCA денес го инсталираше првиот робот на идната линија за производство на електрични модели 500 на својата историска локација, Мирафјори во Торино, кој ќе произведува 80.000 единици годишно, почнувајќи од вториот квартал на 2020 година”, изјави Горли, објави Reuters.

Тој додал и дека производниот капацитет би можел дополнително да се прошири.

Инвестирањето во 500 BEV е дел од инвестицискиот план во вредност од пет милијарди евра до 2021 година која компанијата FCA ги најави за Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП