Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

НЛБ Банка избрана за најдобра банка во Р.Северна Македонија според финансискиот магазин „Euromoney“

Време: 15:13

Датум: јули 11, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

На 10 јули 2019 година, на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон. НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Р. Северна Македонија.

На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од  целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Северна Македонија, што претставува уште една  потврда за нејзиното успешно работење и  остварените позитивни резултати.

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури, сè со цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Air France – авиокомпанија со највисок индекс за одржлив развој

    Air France – авиокомпанија со највисок индекс за одржлив развој

    Авио групата Air France-KLM објави дека таа компанија добила признание за авиокомпанија со највисок индекс на одржлив раст според компанијата Dow Jones која се занимава со истражување…

  • „Apple“ треба да плати 13 милијарди долари данок на Ирска

    „Apple“ треба да плати 13 милијарди долари данок на Ирска

    Американската технолошка компанија „Apple“ започна епска судска битка со ЕУ, поради одредби на Комисијата според кои на Ирска треба да ѝ исплати 13 милијарди долари…

  • Неизвесна иднината на компанија стара 178 години: Милијарда евра за опстанок

    Неизвесна иднината на компанија стара 178 години: Милијарда евра за опстанок

    Во Велика Британија се случува драма со најстариот тур оператор во светот, компанијата Thomas Cook, стара 178 години. Потребни се милијарди евра за компанијата Thomas…

  • Apple ги измами сите да размислуваат дека новиот iPhone чини 300 долари помалку

    Apple ги измами сите да размислуваат дека новиот iPhone чини 300 долари помалку

    Технолошката компанија икористи маркетиншки трик за сите да помислат дека новиот iPhone е 300 долари поевтин. Најновиот предводник на Apple, iPhone 11, беше објавен во…

  • „Икеа“ инвестира во романски ветроелектрани

    „Икеа“ инвестира во романски ветроелектрани

    Групацијата Ингка, сопственик на повеќето продавници на „Икеа“, ќе купи 80% од уделот во седум романски ветроелектрани од производителот на ветерни турбини Вестас, за 136…

  • Бимилк им посака среќен и успешен почеток на учебната година на децата во социјален ризик

    Бимилк им посака среќен и успешен почеток на учебната година на децата во социјален ризик

    „Моја Кравица“ повторно ги изненадува учениците Традицијата на подарување мали изненадувања со кои на учениците ќе им се посака успешен почеток на учебната година, Бимилк…

  • Пристигнува „СКОПСКО IPL“ – првото крафт пиво од Пивара Скопје

    Пристигнува „СКОПСКО IPL“ – првото крафт пиво од Пивара Скопје

    Пивара Скопје започна со производство на ново пиво – „СКОПСКО IPL“, прво од ваков вид на македонскиот пазар. Најновата бренд екстензија на СКОПСКО претставува автентично…

  • British American Tobacco укинува 2.300 работни места ширум светот

    British American Tobacco укинува 2.300 работни места ширум светот

    Kомпанијата British American Tobacco – BAT најави укинување на 2.300 работни места ширум светот за да се сменат промените во навиките на потрошувачите и поголем број…

  • Дополнителни опции за корисниците на новата Magenta 1

    Дополнителни опции за корисниците на новата Magenta 1

    Повеќе мобилен интернет, интернет во роаминг, СМС пакет или Oпција Video без надомест Избор секој месец преку апликацијата Telekom MK Новата Magenta 1, која нуди…

  • Nissan вградува бесконтактни плаќања во автомобилите

    Nissan вградува бесконтактни плаќања во автомобилите

    Nissan сите нови и користени автомобили во Бразил ќе ги опреми со бесконтактни налепници за плаќање, овозможувајќи им на возачите да плаќаат патарина, гориво, паркинг…