20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПиете кафе или чај на работа? Еве зошто одма би требало да...

Пиете кафе или чај на работа? Еве зошто одма би требало да престанете!

Сигурни сме дека на повеќето луѓе им е тешко да замислат еден ден на работа без чаша од омилениот пијалок. За жал, имаме лоши вести по ова прашање.

Ако имате ваша чаша во канцеларија или го користите приборот од канцелариската кујна, постои добра шанса дека овие предмети се покриени со опасни бактерии и фекалии. Студијата, спроведена од Чарлс Герб, професор по микробиологија на Универзитетот во Аризона, покажала дека дури 90 проценти од канцеларискиот прибор има опасни бактерии кои вработените секојдневно ги внесуваат во организмот.

Открил и дека миењето на садовите со сунѓери и крпи кои стојат во канцелариската кујна може само да направи уште полошо бидејќи дополнителните бактерии од нив ќе се префрлат на чашите, каде што можат да преживеат и до три дена. Иако од погоре наведено звучи доста обесхрабрувачки, решението за уживање во кафето или чајот на работа сепак постои.

Герб советува вашите чаши секој ден да ги земате дома и добро да ги измиете со топла вода или во машина за садови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП