25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го дава Бејл плус пари за да го добие Погба

Реал го дава Бејл плус пари за да го добие Погба

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид е подготвен да го отстапи на Манчестер јунајтед велшкиот интернационалец Герет Бејл за да го добие Пол Погба.

Тренерот Зинедин Зидан во повеќе наврати побара од раководството да му го донесе на „Сантијаго“ францускиот репрезентативец за кого Јунајтед бара оштета во висина од 150 милиони евра.

За мадридскиот клуб оваа сума е превисока па сакаат дел од износот да го компензираат со Бејл.

На тој начин, Реал би се ослободил и од месечната плата на велшкиот фудбалер која изнесува 17 милиони евра.

Останува да се произнесе Манчестер кој не е баш задоволен од изданијата на Погба минатата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП