19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од половина банки во Шведска воопшто не примаат готовина

Повеќе од половина банки во Шведска воопшто не примаат готовина

Швеѓаните користат се помалку и помалку пари во секојдневниот живот. Во последните неколку години, експлозија на безготовински трансакции предизвика платформата и апликација Swish за парични трансакции меѓу граѓаните, иницирана од група шведски банки.

Шведска е земја која замина најдалеку во безготовинскиот начин на живот, што е потврдено со фактот дека повеќе од половина од банките воопшто не примаат готовина. Некои проценки велат дека до 2030 година, Шведска во целосно може да раскрсти со готовината.

Речиси 40 проценти од Швеѓаните во 2010 година изјавиле дека најновото купување го платиле во готово. До 2018 година, тој процент драстично се намалил на 13 проценти, според Централната банка на Шведска.

Кога станува збор за тоа кој начин на плаќање е најпосакуван, Швеѓаните генерално го делат мислењето дека тоа е плаќање со картичка. Меѓутоа, многумина, исто така, ги истакнале проблемите со кои странците се соочуваат во безготовинското друштво.

Swish, мобилниот систем за плаќање, станал широко прифатен во Шведска со повеќе од шест милиони корисници. Всушност, некои институции го прифаќаат само “Swish” како форма за плаќање, а популарен е кај помалите компании или на пазарите. Иако “Swish” може да се поврзе со банкарските сметки на 12-те најголеми шведски банки, не е можно да се поврзе со странска сметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП