19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси: Знам дека Копа не е мојот најдобар турнир, но терените се...

Меси: Знам дека Копа не е мојот најдобар турнир, но терените се ужасни

Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси се пожали од терените во Бразил, кои му пречат да ги покаже квалитетите на Копа Америка.

Неколкупати порано, и селекторот Лионел Скалони зборуваше критично за состојбата на терените. Сепак, Аргентина ја порази Венецуела 2:0 и е веќе во полуфиналето, каде очекува судир со Бразил.

„Знам дека ова не е мојот најдобар турнир. Не сакам да звучи како оправдување, но ме чини големи напори да играм на вакви терени. Тие се во срамна состојба за вакво натпреварување. Нерамни, топката подрипнува и бега, има дупки…Се уште треба да се прилагодуваме, бидејќи сме професионалци, но е крајно тешко да се игра. Но, таква е ситуацијата и ние треба да се помириме. Играме се подобро и против Венецуела прогресот на ниво колективна игра беше видлив, пркоментира Меси по вчерашниот дуел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП