24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко ''Libra'' нуди банкарски услуги, Facebook ќе мора да бара банкарски лиценци

Ако ”Libra” нуди банкарски услуги, Facebook ќе мора да бара банкарски лиценци


Гувернерот на банката на Франција, Франсоа Вилерои изјави дека Facebook мора да ги почитува прописите за спречување на перење пари и да бара банкарска лиценца ако понуди банкарски услуги, пренесува Reuters.

Вилерои истакнал дека криптовалутата “Libra”, која е во сопственост на Facebook, мора да биде во согласност со постоечките банкарски регулативи, бидејќи “ризиците за анонимност се зголемени кои би ги имале корисниците на “Libra”.

Вилерои се осврнал и на можните услови за банкарска лиценца:

“Ако целта на проектот е да се надминат плаќањата за обезбедување на банкарски услуги, како што се депозити, тогаш тоа ќе мора да бидат регулирани како банка со банкарска лиценца во сите земји каде што работи. Во спротивно, тоа би било незаконски”, изјавил Вилерои.

Како што неодамна објави Cointelegraph, францускиот министер за економија и финансии има намера да “побара гаранции” од Facebook во врска со претстојната дигитална валута Libra. Тој, исто така побара од гувернерите на централните банки на G7 да известат за гаранциите што ќе ги добијат од Facebook.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП