29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН предупредуваат: На светот му се заканува "климатски апартхејд"

ОН предупредуваат: На светот му се заканува “климатски апартхејд”

Светот е на пат на “климатски апартхејд”, во кој богатите ќе можат да си купат бегство од најтешките последици од глобалното затоплување, а посиромашните граѓани ќе се соочат со последиците, се вели во извештајот за екстремна сиромаштија на специјалниот известувач на ОН Филип Алстон.

Во извештајот се наведува дека компаниите треба да играат клучна улога во борбата против климатските промени, но не може да се потпре на нив да се грижат за сиромашните.

“Премногу потпирање кон приватниот сектор може да доведе до “климатски апартхејд”, при што богатите ќе плаќаат за бегство од прекумерната топлина, глад и конфликти, а остатокот од светот ќе се соочи со страдање”, се вели во извештајот.

Тој даде пример за жителите на Њујорк кои останале без електрична енергија или медицински услуги во 2012 година при налетот на ураганот Сенди, додека седиштето на “Goldman Sachs” беше заштитено со десетици илјади вреќи песок и имаше свој генератор.

Според неговите оцени, потпирање на приватниот сектор за заштита од екстремни временски услови и зголемување на нивото на морињата “речиси сигурно ќе доведе до кршење на човековите права, бидејќи богатите ќе избегаат, а сиромашните ќе бидат оставени на цедило”.

Тој предупреди дека дури и во случај на најповолни настани, стотици милиони луѓе ќе бидат соочени со несигурност околу храна, присилна миграција, болести и смрт.

Алстон во својот извештај ги критикува владите, бидејќи тие не прават доволно, туку само испраќаат претставници на конференции за да одржат “мрачни говори”, иако научниците и разните активисти предупредуваат за климатските промени од 1970-тите.

“Триесет години од Конвенцијата и ништо не се постигнува. Од Торонто до Норвијк од Рио во Кјото и Париз текстови на изјавите се слични бидејки Америка продолжува по старо. САД го игнорираат секое предупредување и научни ограничувања”, вели Алстон.

Од 1980 година, самата Америка се соочи со 241 временски и климатски катастрофи кои предизвикаа штети во милијарди долари.

Во тој период имало позитивен развој на настаните, како што е намалување на цената на обновливите извори на енергија, намалување на употребата на јаглен, намалување на емисиите на стакленички гасови во 49 држави и 7.000 градови, 245 региони и 6.000 компании посветени на борбата против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП