29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

Бразилецот Нејмар е близу до враќање во Барселона, објави „спорт.ес“. Според извештаите на шпанските медиуми 27-годишниот фудбалер е подготвен да се врати во каталонскиот клуб за пониска плата и на договор со времетраење од пет години.

Нејмар во Париз заработува 36,8 милиони евра за сезона. Во Барселона нудат 24 милиони евра.

Во сезоната 2018/19 Нејмар одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 гола и даде 13 асистенции.

Тој играше за Барселона од 2013 до 2017 година кога за рекордни 222 милиони евра отиде во Пари Сен-Жермен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП