24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати сите четвртфиналисти во Копа Америка

Познати сите четвртфиналисти во Копа Америка

На фудбалскиот Куп на Америка кој се одржува во Бразил со одигрувањето на натпреварите од 3.коло во групата-Ц заврши првата фаза по која познати се осумте селекции кои ќе играат во четвртфиналето.

Тоа се двете првопласирани од трите групи, како и две репрезентации кои завршија на третото место и се со подобар биланс од другата третопалсирана.

Во четвртфиналето одат: Бразил, Венецуела и Перу (А-група); Колумбија, Аргентина и Парагвај (Б-група) и Уругвај и Чиле (Ц-група).

Ноќеска во последното коло од групата Ц, Уругвај го победи Чиле со 1:0, додека Еквадор и Јапонија ремизираа 1:1.

Во четвртфиналето ќе играат:
Бразил – Парагвај (Порто Алегре, 27 јуни)
Венецуела – Аргентина (Салвадор, 28 јуни)
Колумбија – Чиле (Сао Пауло, 28 јуни)
Уругвај – Перу (Ресиве, 29 јуни).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП