23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлег: Нема докази дека ''надворешни сили" влијаеле на Брегзит

Клег: Нема докази дека ”надворешни сили” влијаеле на Брегзит

Нема апсолутно никакви докази дека странски сили како Русија го користеле Facebook за да влијаат врз корисниците и британското гласање за напуштање на Европската унија, соопштено е денеска од најголемата социјална мрежа.

Ник Клег, шеф за глобалните работи во Facebook и поранешен заменик премиер на Британија изјавил дека социјалната мрежа направила две анализи на податоци кои биле чувани до референдумот во 2016 година и дека тие не пронашле докази за “значителен обид од надворешни сили” да влијаат на исходот, објави Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП