28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот над 11.000 долари

Биткоинот над 11.000 долари

Најголемата светска криптовалута, Биткоин, полета на дневен максимум од 11,307.69 долари денес попладне по хонгконгошко време, според платформата CoinDesk, која ги зема во предвид цените на дигиталните валути на различни берзи. Тоа е највисоко ниво од 5 март 2018 година, објави CNBC.

Од почетокот на оваа година, вредноста на биткоинот скокнала за 170 проценти. Неговиот успон придонесе за раст на цената и на другите дигитални валути, како што е Етереум, чија вредност оваа година повеќе од двојно се зголеми.

Се чини дека инвеститорите се одлучија да ги игнорираат лошите сеќавања на минататогодишното “пукање на биткоин балонот”, откако оваа криптовалута во декември 2017 година достигна рекордно високо ниво од над 19.000 долари. Нејзината цена драстично падна во текот на 2018 година и на почетокот на 2019 година и се движеше на ниво од само 3.000 долари.

Меѓутоа, од крајот на февруари оваа година, биткоинот повторно се движеше по растечка патека, бидејќи големите компании почнаа да ги најавуваат нивните проекти поврзани со криптовалутите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП